На 20.03.2026 во 14:40 часот во СВР Охрид 40-годишен маж- сопственик на хостел во Охрид пријавил дека 24-годишен гостин од Јужна Кореја кај него пријавил дека му биле одземени пари од страна на 35-годишно лице од Косово, со кого биле сместени во иста соба.

Потоа сопственикот на хостелот му се јавил телефонски на лицето од Косово и кога побарал од него да ги врати парите, лицето му упатил закани по животот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.

На 20.03.2026 во 21:35 часот во СВР Охрид 28-годишна жена од Охрид пријавила дека лице, со кого претходно била во врска, по раскинувањето на врската ја вознемирувало и неколку пати физички ја нападнало, но настаните не ги пријавила во полиција.

И во текот на вчерашниот ден лицето и се заканувало и ја вознемирувал додека си одела од работа, по што го пријавила случајот во полиција. СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.03.2026 во 01:21 часот во СВР Охрид од Итна медицинска помош Охрид е пријавено дека во болницата во Охрид за укажување лекарска помош е однесена 15-годишна малолетничка од Охрид.

Таа најверојатно се затрула со пиење таблети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews