Синоќа во 20:30 часот во СВР Охрид 43-годишна охриѓанка пријавила дека во и пред казино во Охрид била физички нападната од машко лице, кое потоа и упатило закани за да не го пријавува случајот во полиција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира СВР Охрид.
Исто така синоќа, во 20:45 часот, на плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид полициски службеници затекнале 39-годишен жител на Поградец, Албанија, кој бил во алкохолизирана состојба, а имал и повреди.
Укажана му е помош во Медицинскиот центар во Охрид, по што е приведен поради сторен прекршок по чл. 147 ст.1 т.2 од Закон за странци и по целосно документирање и расчистување на случајот е спроведен до Граничниот премин „Св.Наум“, соопшти СВР Охрид.
OhridNews













