Вчера во 14:30 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници лишиле од слобода 56-годишен охриѓанец, по претходно случена сообраќајна незгода во која тој управувајќи патничко возило „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, удрил во пешак (40) од Охрид, а потоа и во патничко возило „Форд“ со охридски регистарски ознаки.

Во незгодата пешакот се здобил со телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. При извршени проверки, констатирано е дека возачот на го управувал возилото „Цитроен“ под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по чл.297-а од КЗ на РСМ, информира СВР Охрид.

Ноќеска во 00:15 часот во СВР Охрид 49-годишен охриѓанец пријавил дека на 28.03.2026 околу 22:40 часот на игралиште во Охрид неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од 16-годишник.

Во врска со настанот во полициска станица извршен е службен разговор со 16-годишникот и неговиот родител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР Охрид.

На 28.03.2026 во Полициската станица Охрид, извршен е службен разговор со 58-годишен жител на Охрид.

Постапувајќи по претходна пријава од 48-годишен сограѓанин дека по претходно недоразбирање му упатувал закани, од повиканиот на информативен разговор со потврда биле одземени пушка „Застава“ и дозвола за оружје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, стои во полицискиот билтен.

На 28.03.2026 во 09:20 часот во СВР Охрид, 41-годишна жена од Охрид пријавила дека на 22.03.2026 била физички нападната од нејзиниот партнер.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

OhridNews