На 30.03.2026 полициски службеници од СВР Охрид, во содејство со Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионален центар за гранични работи Запад, по претходно издадена судска наредба, лишија од слобода 40-годишно лице од САД, со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 378 од Кривичниот законик.
Изречена му била мерка притвор во траење до 30 дена, а лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката, информираат од СВР Охрид.
На 01.04.2026 во 01:01 часот во СВР Охрид, 45-годишно лице од Охрид пријави дека на 31.03.2026 околу 23:00 часот пред казино во Охрид бил физички нападнат од лице вработен како обезбедување во објектот.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.03.2026 во 15:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид привеле 33 и 36-годишни лица, двајцата од Охрид.
Тие во гаража во Трговски центар во Охрид додека извршувале работни задачи го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што оштетиле дел од инвентарот. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 01.04.2026 во 02:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 28-годишно лице oд Бугарија, постапувајќи по претходна пријава од 36-годишна жена од Охрид дека околу 17:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, настаналa физичка пресметка помеѓу двете, при што 28-годишната жена со остар предмет и упатила закани и оштетила дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, додаваат од СВр Охрид.
OhridNews













