На 11.03.2026, со судска наредба, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид извршија претрес во домот на 46-годишно лице од охридското село Пештани.

Притоа, пронајдени се семки од растението канабис сатива. Тие се одземени за понатамошна постапка и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 41-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 23.04.2025 во Струга, полициски службеници извршиле контрола во возило во кое се превезувал пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен кокаин, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews