На 13.05.2026 во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишиле од слобода 35-годишно лице од Охрид.

При претрес во неговиот дом во Охрид и во неговото возило, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја и дигитална вага. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

На 13.05.2026 во 18:20 часот на ул.„15 Корпус“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 34-годишно лице од с.Велгошти, охридско.

При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лицето и при извршено алкотестирање утврдено е дека имало 1,90 промили алкохол во организмот. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

 OhridNews