На 21.04.2026 во 11:00 часот во парк во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишија од слобода 51-годишно лице од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.
Подоцна, со наредба од Основен суд Охрид, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошните простории, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка со рамка со 20 куршуми, пиштол „Пиетро Берета“ калибар 7,65 мм со рамка со три куршуми и револвер без сериски број и ознаки. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 21.04.2026 во СВР Охрид е извршен службен разговор со 67-годишно лице од општина Дебрца.
Тој на 20.04.2026 после кратка расправија во семејниот дом, упатувал закани на неговата сопруга. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













