На 19.04.2026во 09:18 часот во СВР Охрид, 19-годишно лице од Охрид пријавил дека неговата мајка 45-годишна, глувонемо лице, на 17.004.2026 со автобус отишла во Скопје и откако не се вратила се обиделе да стапат во контакт со неа, но нејзиниот телефон не бил достапен, информираат од СВР Охрид.

Според пријавеното, на 19.04.2026 во 08:20 часот се јавила нивната мајка, но веднаш се изгубил контактот, по што не можеле да ја добијат. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, посочуваат.

На 19.04.2026 во 14:53 часот во СВР Охрид, 25-годишно лице од Скопје пријавило дека околу 14:45 часот на плоштад „Св.Климент Охридски“ во Охрид бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.04.2026 во периодот од 22:50 часот до 00:00 часот, врз основа на наредба од Основен суд Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга извршија претрес во просториите на правно лице за производство на масло од канабис во с.Вевчани.

При претресот, во контејнер за комунален отпад во дворот, во голема најлонска ќеса пронајдена е марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 45-годишно лице од с.Ливада, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „убивање и мачење животни“.

На 27.03.2026 на патот с.Ливада – с.Биџево, лицето и уште едно се движеле со возило и со нив имале и куче од расата „Кангал“, кое го држеле со ремен преку прозор и го шетале со возилото, а кога пристигнале во близина на дворот на трето лице во с.Биџево, пријавениот го пуштил кучето слободно, кое го нападнало кучето на лицето во Биџево од расата „Миник“ и го усмртило, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews