На 13.03.2026 година во 15.30 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, лишени од слобода се 60 и 44 годишни лица, двајцата од Охрид.
При претрес во патнички автомобил „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, претходно управуван од 60-годишното лице извршен по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 14.03.2026 година во 01.05 часот, во СВР Охрид лишени од слобода се 51-годишно лице и неговата невенчана сопруга 47-годишна, двајцата од Охрид.
Во нивниот семеен дом, се случила вербална расправија со повремени меѓусебни физички напади по што 47-годишната жена физички нападнала 73-годишна жена од Охрид. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.
На 13.03.2026 година во 23.35 часот, на регионалниот пат Струга – Подмоље, лишен од слобода е 16 годишен малолетник од Охрид.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки кое тој го управувал и притоа, констатирале дека немал остварено право за управување односно немал положено возачки испит. По налог на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.03.2026 година во 20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека 38-годишно лице од Охрид, во семејниот дом бил агресивен кон членовите на семејството, расфрлал предмети, скршил стакло од вратата при што се здобил со повреди.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.03.2026 година во 08 часот, на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на струшкото село Враништа, 18-годишно лице од истото село, управувајќи патничко возило „Фолксваген Поло“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола по што, возилото излетало од патот и се превртело.
Возачот бил пренесен во Општата болница во Струга, каде му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата, извршија полициски екипи, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













