На 18.04.2026 во 01:30 часот во СВР Охрид е извршен службен разговор со 46-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 39-годишна сопруга дека во последно време физички го напаѓал нивниот малолетен син за време на викендите кога бил кај него согласно решението на Центарот за социјални работи Охрид.

Според пријавеното, последен пат тоа се случило на 17.04.2026 околу 22:00 часот, посочуваат од МВР.

На 17.04.2025 во 14:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека во старата чаршија во Охрид од 24-годишно лице од Турција едно женско лице одзело паричник со пари.

Набргу, по преземени мерки лицето е пронајдено и констатирано дека се работи за 44-годишна жена од Босна и Херцеговина. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.04.2026 во 23:40 часот на паркинг простор позади Спортско рекреативен центар „Билјанини извори“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 40-годишно лице од Ресен и 30-годишно лице од Гостивар.

При преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, пронајден е пластичен котур за хидро изолација за кој изјавиле дека го одзеле од објектот каде работеле на изградба на нова трибина на спортскиот центар. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17 април 2026 година, во 11:45 часот во Охрид, полициски служнбеници од СВР Охрид лишија од слобода 24-годишно лице од Охрид.

Лицето околу 11:00 часот на кружен тек од булевар „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ со неговиот татко физички нападнале 31-годишно лице од селото Слатино, Општина Дебрца, при што со удари го оштетиле и неговото возило „Шкода октавија“ со охридски регистарски ознаки. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 17.04.2026 во 23:15 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп-Ресен, кај крстосница Ротино и Кукуречанска крстосница,  минибус „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од с.Коњско, охридско, кој превезувал навивачка група од Охрид, движејќи се по патот бил оштетен од група граѓани при што се направени оштететувања на автобусот.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени пријави, додаваат од МВР.

OhridNews