На 01.05.2026 во 20:40 часот на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид лишено од слобода е 48-годишно лице од Љубљана, Република Словенија.

Тој бил пријавен дека во стан во Охрид, по вербална расправија физички ја нападнал неговата сопруга. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 01.05.2026 во 17:50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во стан во Охрид, починато било 76-годишно лице од Ресен.

При извршен увид, лекар од Итната медицинска помош, констатирал смрт без траги на насилство. По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews