На 13.04.2026 полициски службеници лишија од слобода 33-годишно лице од охридско, постапувајќи по пријава од неговата 24-годишна сопруга со која се во бракоразводна постапка, дека ноќта 12/13.04.2026 и го одзел насилно мобилниот телефон, по што физички ја нападнал и ја принудил да влезе во неговото возило, каде исто така ја нападнал и и нанел повреди.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од СВР Охрид.

На 12.04.2026 во 13:00 часот во СВР Охрид 45-годишен маж од Охрид пријави дека на 12.04.2026 околу 03:00 часот, додека бил во ноќен клуб заедно со својата ќерка и други лица, се приближил маж на возраст од околу 30 години и почнал да се заканува и агресивно да се однесува и почнал да го турка пријавителот, но бил спречен од обезбедувањето на ноќниот клуб.

Исто така, на 12.04.2026 околу 12:00 часот лицето се јавило на мобилен телефон кај пријавителот и го повикало да се сретнат во близина на маркет во Охрид, каде исто така почнал да го турка и да му се заканува. По добиената пријава, во полициска станица повикано е 30-годишно лице од Охрид и со него е извршен службен разговор. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 12.04.2026 во 09.44 часот 58-годишна жена од Охрид пријавила дека во неговиот дом во Охрид бил пронајден починат нејзиниот 51 годишен брат од Охрид.

Од страна на доктор од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews