На 24.03.2026 во 23:00 часот во охридско, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 44-годишно лице од охридско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 44-годишна сопруга дека околу 20:00 часот во семејниот дом пријавениот физички го нападнал нивниот 10-годишен син и покрај тоа што против него имало решение од 19.06 2025 година со заштитни мерки од 12 месеци во кое било наведено дека му е забрането да врши физичко и психичко насилство кон неговата сопруга и нивните деца.
Според пријавеното, тој и претходно се заканувал на неговата сопруга и нејзината мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 24.03.2026 во 16:30 часот во СВР Охрид, полициски службеници извршија службен разговор со 37-годишно лице од Охрид.
Тој бил пријавен дека околу 03:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 40-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 24.03.2026 во 20:45 часот во СВР Охрид, полициски службеници извршија службен разговор со 60-годишно лице од Охрид.
Истиот бил претходно пријавен дека во 20:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 49-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













