На 07.03.2026 во 18:30 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 39-годишно лице од истото село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата сопруга и ја нападнал со пластичен предмет.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.03.2026 во 13:53 часот во СВР Охрид е пријавено дека во апартман на улица „11 Октомври“ во Охрид, жена од Албанија физички била нападната од 26-годишно лице од Чиле.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 31-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
При преглед извршен на улица „Ѓуро Салај“ во Струга, полициските службеници од криминалистичката полиција кај него пронајдоа и одзедоа пакување со мешавина од амфетамин и метамфетамин, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













