На 20.04.2026 во 22:30 часот во СВР Охрид, 27-годишна жена од охридско село пријави дека во основно училиште во селото, нејзината малолетна ќерка подолг период била психички и физички вознемирувана од нејзини соученици, за што известени биле класниот раководител, психиологот и директорката на училиштето.

Додека, пак, дента во училиштето нејзин соученик со остар предмет и отсекол прамен од косата, а на враќање од училиштето, исто така, со остар предмет нејзина соученичка и ја сечела косата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.

На 20.04.2026 во 20:30 часот во СВР Охрид, 39-годишно лице од Охрид пријавил дека во автосервис во Охрид, по претходна расправија, бил физички нападнат од 42-годишно лице од Охрид.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 20.04.2026 во 17:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 44-годишно лице од Охрид.

Лицето физички го нападнал братот поради претходно недоразбирање. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews