На 12.04.2026 во 02:00 часот во СВР Охрид, 33-годишно лице од Охрид пријавил дека на 11.04.2026 околу 22:30 часот, на бул. „Туристичка“ во Охрид, лице упатило закани по живот кон него и неговата партнерка, која биле бремена, а им се заканувал и со електрошок и тврд предмет.

На жената и била укажана лекарска помош во Медицински центар Охрид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.

На 11.04.2026 во 18:50 часот полициски службеници од СВР Охрид приведоа 45-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во казино во Охрид агресивно се однесувал.

По преземени мерки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,11 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews