Манчестер Јунајтед направи крупен чекор напред кон вицешампионската позиција во Премиер лигата победувајќи го Ливерпул во дербито на Олд Трафорд со 2-1. Најголемото англиско дерби го одбележа Маркус Рашфорд кој во првата третина од натпреварот постигна два погодоци, кои на крајот се покажаа сосема доволни за победа. 

Во 14-та минута со мало ремек дело англискиот репрезентативец се ослободи од својот чувар и со одмерен удар на подалечната статива го матираше Лорис Кариус. Десеттина минути подоцна „ѓаволите“ го дуплираа водството, а стрелец повторно беше Рашфорд. На сличен начин Англичанецот ја погоди мрежата на Кариус кој не можеше ништо да стори.

„Црвените“ од Енфилд не остапуваа од напаѓачката игра, а таа со плод вроди на средината од второто полувреме. Дефанзивецот на домаќините Ерик Баи реагираше неспретно и ја затресе сопствената мрежа.

Ливерпул дополнително притисна, но домашните фудбалери оддолеа на нападите и ја забележаа победа за подигање на самодовербата пред одлувачкиот меч со Севиља во Лигата на Шампиони.

OhridNews