Богата музичка програма на четвртото издание на Ohrid Wine Festival
05.06.25 12:47
Богата музичка програма и неповтoрлива забава за охриѓани и туристите ќе донесе четвртото издание на Ohrid Wine Festival кој ќе се одржува од 26-ти до 28-ми јуни во Охрид, на Кеј Македонија, пред хотел „Палас“.
На отварањето на фестивалот на 26.06.2025 (четврток) на сцената ќе настапат Тамара, Brass brothers, Backdoor band и DJ Gec.
Вториот фестивалски ден на 27.06.2025 (петок) е резервиран за „Куку Леле“, Дац и Александар, „Пауза за ракија“, DJ Nasty Deluxe и Urban planet.
Третиот фестивалски ден на 28.06.2025 (сабота) за забавата ќе бидат задолжени Влатко Лозановски, „Ареа“, „Kамелеон“ и DJ Jana.
Забавата со македонските музички артисти ќе биде надополнета со дегустација на македонски вина и вкусна храна.
Покровител на овој тридневен фестивал е Општина Охрид, а истиот е организиран од „Крафт Продукција“.
Федерацијата соопшти дека прекинот на соработката е во интерес на репрезентацијата и на тренерот, по период во кој резултатите не ги исполнија очекувањата Гоце Седлоски повеќе не е селектор на маке...
На 25 ноември, во денот кога го празнуваме споменот на св Јован Милостив и преп Нил Постник и во денот кога се навршуваат две години од упокојувањето на блаженоупокоениот митрополит Тимотеј, во ман...
На денешниот тендер за набавка на електрична енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи во периодот јануари – декември 2027 година, ЕВН Хоме, како Универзален снабдувач со ел...