Богослужби и литургија по повод празникот „Пренос на моштите на Св. Стефан“
14.08.25 09:19
По повод празникот „Пренос на моштите на Св. Стефан“ денес во манастирот „Св. Стефан“- Охрид ќе биде отслужена вечерна богослужбa со почеток во 19 часот. Утре ќе биде отслужена утрена богослужба со почеток во 07:30 часот, а во 08:45 света Архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува надлежниот Митрополит Дебарско -Кичевски Г. Георгиј. Од Црковниот одбор во манастирот упатуваат покана до верниците да дојдат на заедничка молитва.
За моштите на свети архиѓакон Стефан не се знаеше ништо по неговата смрт со каменување во Ерусалим. Дури во петтиот век на Кафаргамалскиот епископ Лукијан во сон му се јави Гамалил, учителот на апостол Павле, и му го откри местото на кое почиваа неговите мошти, како и начинот на кој тие стасале дотаму. Имено, по убиството на свети Стефан, јудејците оставија неговото тело да го изедат пците, така што се до овој век тие беа сосема заборавени. Епископот Лукијан дојде до пештерата што му беше покажана и таму најде се според кажаното. А кога почнаа да копаат по пештерата се рашири пријатен и добар мирис од светите мошти. Подоцна моштите на свети Стефан беа пренесени во Цариград.
Пештерната црква „Св.Стефан” во Охрид датира од IX век и е единствена црква посветена на овој светител во Македонија. За црквата е искористена една природна пештера која од јужната страна е преградена со ѕид од кршен камен. Покрај црквата во подоцнежниот период се изградени и конаци. Во поново време реконструиран е надворешниот дел на манастирот, изградена е нова камбанарија на местото на старата, како и нови конаци.
Огид и Струга со околните села попладнево извесно време останаа без електрична енергија Причина е невремето проследено со обилни врнежи од дожд и електрични празнења, поради што дојде до испад во ...
Единаесеттото издание на аматерскиот младински театарски фестивал „Вдиши театар 2026“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира од 10 до 13 јуни 2026 година Свеченото отворање на фестивал...
Прв самостоен концерт на oхридскиот детски хор „Бамбино“ ќе се одржи денес со почеток во 19 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ под мотото „Музички патувања – Песни од пет континенти“ Мла...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.