„Кариоките“ со минимални 1-0 ја совладаа Германија во Берлин и за момент заборавија на поразот 7-1 во полуфиналето на Мундијалот пред четири години. Ова беше прва нивна меѓусебна средба после дуелот во 1/2 финалето по кое Германија се пласираше во финалето и подоцна победи против Аргентина.
Човек на одлука на Олимпискиот стадион во Берлин беше фудбалерот на Манчестер Сити, Габриел Жесус. 20-годишниот бразилски репрезентативец прецизно стрелаше со глава во 39-та минута од натпреварот.
Од другите поинтересни контролни средби за издвојување се ремито на Црна Гора – Турција 2-2, победите на Белгија и Полска над Саудиска Арабија (4-0) односно Јужна Кореја (3-2).
OhridNews