По повод верскиот празник Св.Наум Охридски – Чудотворец, во вторник на 5-ти јануари 2016 година, бродовите Александрија 1 и 2 ќе пловат до манастирот „Св.Наум“ по симболична цена од 100 денари.

Еден од бродовите ќе тргнува од Охридското пристаниште, а другиот од селото Пештани. Поаѓањето е во 8:00 часот, а картите може да се набават на градското пристаниште во недела на 3-ти јануари и во понеделник на 4-ти јануари.

Терминот на враќање од Св. Наум на патниците ќе им биде соопштен за време на пловидбата кон манастирот.

OhridNews