Ученичката Кети Јоноска од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ освои бронзен медал на натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника за учениците во средните училишта од Македонија – ROBOMAC Junior 2026 кој се одржа во организација на ФЕИТ и студентскиот огранок на IEEE. Медалот, Јоноска, го освои во категоријата автономна мобилна роботика.

Освен натпреварувачките активности, како што информираат од ФЕИТ биле одржани и предавања на популарни теми од роботиката, вештачката интелигенција и електрониката: „Мобилна електроника“ од проф. д-р Катерина Ралева и проф. д-р Томислав Карталов; „Роботиката и вештачката интелигенција“ од доц. д-р Горјан Наџински и „Реализација на миоелектрична роботска протеза за рака“ од м-р Благој Христов.

OhridNews












