Актерот Брус Вилис нема да биде дел од последното продолжение на филмот “The Expendables” бидејќи неговото барање да му биде платено $4 милиони долари за 4 дена снимање било отфрлено од продуцентите.

Копродуцентот Силвестер Сталоне на социјалната мрежа “Twitter” го опиша актерот како “алчен и мрзлив”, а наскоро потоа објави дека ќе биде заменет од страна на Харисон Форд.

Харисон Форд за оваа улога ќе добие хонорар од $3 милиони долари односно еднаков на првата понуда која му била доставена на Брус Вилис.