Јувентус – Реал Мадрид е најатрактивната двојка во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони. Нивната историја и меѓусебните пресметки се најава за спектакл во Торино односно Мадрид.
Голманот на Јувентус, Џиџи Буфон упати комплименти до Кристијано Роналдо со кој „кралевите“ ќе атакуваат на позитивен резултат во првиот четвртфинален натпревар.
– Ќе се сретниме со тим кој е подобар од нас. Реал Мадрид покрај тимски квалитет има и индивидуалци, но сепак победува и понатаму поминува оној кој ќе изигра по мудро во двата натпревари. Играњето против Роналдо влијае на моето расположение, односно неможам да спијам. Речиси секогаш е чекор пред другите, а во вакви мечеви може еден таков потег да одлучи. Ќе следиме возбудливи два натпревари. – изјави Џиџи Буфон.
Италијанскиот состав никогаш не отпаднал од Реал Мадрид во нокаут фазата во ЛШ, додека „кралевите“ славеа во финалето 4-1 кое годинава се одигра во Кардиф.
Првиот меч се игра во вторник во 20 часот и 45 минути, домаќин ќе биде Јувентус.
OhridNews