Кристијано Роналдо останува да биде кошмар за Џиџи Буфон, откако Португалецот постигна два од трите голови за Реал Мадрид во големата победа на „кралевите“ против Јувентус во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони.

Италијанскиот голман разочаран е од високиот пораз и смета дека четвртфиналната битка е завршена. – Чуствувам голема тага и болка, бидејќи овој двомеч со Реал Мадрид е завршен. Мора да му се честита на Реал Мадрид кој одигра многу добар натпревар и во секој момент го демонстираа квалитетот кој го поседуваат. – изјави Буфон.

„Кралевите“ на реваншот ќе имаат задача да ја одбранат голема предност и да ја срушат негативната традиција со Јувентус во мечевите од нокаут фазата во Лигата на Шампиони.

OhridNews