Канадската тенисерка Еугени Бушард го доби судскиот спор со УС Опен и заработи 20 милиони евра, повеќе досега заработеното во текот на целата нејзина кариера.

Пред две години Бушард ги тужеше организаторите на Отвореното првенство на САД, поради падот во соблекувалните предизвикан од лизгави плочки при што таа заработи полесен потрес на мозокот и имаше оштетување на кожата од силната киселина со која бил намачкан подот.

– Се чувствувам слободно. – рече Бушар по изрекувањето на пресудата.

Оттогаш кариерата на Канаѓанката е во надолна линија, а таа за тоа го обвини УС Опен. Некогаш беше петта во светскиот поредок а сега е на 121. место на ВТА ранг листата.

OhridNews