Младите најчесто знаат да бидат преоптоварени во потрагата да го достигнат својот целосен потенцијал, и тоа е сосема природно. Помладите генерации се тие што бликаат со креативност и се носители на промените. Секоја голема иновација во светот започнала со едноставна идеја и затоа еве пет совети кои ќе ви помогнат да ја развиете својата идеја и да го достигнете својот целосен потенцијал.

Поставете ги целите

Не е важно дали ќе ги запишете вашите цели, ќе ги запаметите или ќе ги споделите со вашите блиски пријатели додека го пиете омиленото кафе, но за вас е најважно да знаете во која насока се движите. Тоа е кога идејата се раѓа и може да започне убавиот процес на нејзино оживување.

Препуштете и се на убавината на соработката

Што и да се крчка во вашиот ум во моментов – постои начин да го постигнете тоа. Вистинското прашање е дали сте подготвени да ризикувате една фантастична идеја да биде избришана, само затоа што не можете сами да ја остварите? Иако правењето работи на свој начин има свои придобивки понекогаш, младите луѓе кои ќе се осмелат да побараат соработка и заедно да работат полесно ги остваруваат фантастичните идеи. Бескрајната креативност започнува кога ќе се поврзете со вашите пријатели, родители или врсници. Со заеднички напор, создадавајќи нови и уникатни постигнувања, можете да оставите свој белег во историјата. Како на индивидуи ни се дадени одлични можности и таленти. Сепак, многу пати се наоѓаме во ситуации кога би било добредојдено да искористиме дополнителна идеја, нечија помош или само обичен разговор за да ја оствариме одличната идеја што некогаш сме ја имале. Со истакнување на вашата идеја во светот, ќе го најдете последниот дел од сложувалката што ќе ја комплетира големата слика што ја замисливте.

Заборавете на изговорите и преземете нешто

Без оглед за која област од животот станува збор, илјадници идеи никогаш не го виделе светлото на денот, бидејќи вистина е дека сакаме изговори. Нема зошто да се плашите ако се најдете во таква ситуација, кога е лесно да се откажете. Обидете се да не ги отфрлате вашите идеи прерано, бидејќи, за да го постигнете вашиот целосен потенцијал ви треба многу време и напор. Излезете од вашата зона на удобност и ќе бидете изненадени од она што ве чека зад аголот. Со споделување на вашите идеи, може да откриете дека многу луѓе ве разбираат многу подобро отколку што мислите и дека се подготвени да ви помогнат да ги реализирате вашите идеи и соништа.

Никогаш не ги следете квотите

Без оглед што и да се обидувате да постигнете, ова посебно се однесува на младите кои сметаат дека треба да направат невидени достигнувања за да бидат успешни, заборавете на квотите и на правилата. Само затоа што постои некој образец за тоа како треба да стојат работите, нема потреба да го следите. Поставете си ваше темпо и знајте ја својата вредност – тоа е сигурниот пат до достигнување на вашиот потенцијал.

За да ви помогнеме на тој пат, еве неколку зборови од експерт, психологот Сара Сековска: „Кога зборуваме за талентот на децата и младите, зборуваме за потенцијалот што тие го носат во себе, за семе што треба да се засади во плодна почва и да се негува додека не донесе плод. Во раниот период, родителите имаат клучна улога во препознавањето и развивањето на талентите на децата. Свесни за одредена способност на своето дете, тие треба да обезбедат стимулативно опкружување и безрезервна поддршка за развој и откривање на потенцијалот. Но, во исто време, за развој на талентот, особено е важно да се развие самодовербата кај децата и младите да бидат охрабрени да се стремат кон повисоки цели и така ќе знаат како да го ценат и да се радуваат на нивниот успех“

Популарното македонско музичко дуо 2Bona можеше да се откаже од својата идеја за правење спот со своите фанови. Сепак, тие се обидоа да го исполнат потенцијалот на нивната идеја и одговорот беше масовен. Неколку стотици следбеници ги испратија своите видеа преку инстаграм, давајќи свои идеи, споделувајќи ги нивните таленти со светот и сето тоа правејќи го заедно со пријатели. Дуото потоа ги избра најдобрите видеа, кои се најдоа во последното музичко видео Тој Сум.

До сега требаше да сфатите дека вашите идеи и таленти вредат. Секој што учествуваше научи вредна лекција, излезе надвор од својата зона на удобност и си помина неверојатно забавно. Токму поради тоа, проектот #ChatBeforeYouJudge, што заеднички го спроведуваат NESCAFÉ 3in1 и 2Bona, има за цел да ги охрабри младите да ги споделат своите таленти со сите!

Следете ги Марио Јелиќ Кун и Антонио Стојановски Тонито, членовите на бендот 2Бона преку нивниот профил на инстаграм, за следниот предизвик и за да ги покажете своите вештини на сите! Верувајте во себе и не ги отфрлајте вашите идеи!

#nescafe3in1 #2bona #ChatBeforeYouJudge