Фудбалските гурмани се` уште ги немаат сумирано впечатоците од возбудливите мечеви во Лигата на Шампиони, а веќе на програмата ги имаат натпреварите од 1/4 финалето во Лигата на Европа.

Ниту еден натпревар од четирите не се издвојува како посебен, но се очекуваа „војна“ на теренот, бидејќи влогот во Лигата на Европа е голем. Победникот од ова натпреварување обезбедува директен пласман во фазата по групи во Лигата на Шампиони следната сезона.

Првите мечеви од 1/4 финалето се играа во 21 часот и 5 минути.

Двојки: Арсенал – ЦСКА Москва, Атлетико Мадрид – Спортинг Лисабон, Лацио – Салзбург, Лајпциг – Олимпик Марсеј.

OhridNews