Вечерва во стандарниот термин 20 часот и 45 минути ќе се одиграат два од четирите натпреварите во четвртфиналната фаза во Лигата на Шампиони.

Завесата во четвтфиналето ќе ја кренат минатогодишните протагонисти во финалето Јувентус – Реал Мадрид и минхенски Баерн кој гостува кај тимот на Севиља.

Реал Мадрид на двомечот со Јувентус ќе ја има и традиција против себе. Шпанскиот гигант никогаш до сега не го елиминирал италијанскиот состав во нокаут фаза во Лигата на Шампиони, а победи во финалниот меч во Кардиф оваа година и пред две децении.

Баерн Минхен против Севиља ќе атакува на пласман во полуфиналето и прекинување на серијата лоши резултати со екипи кои доаѓаат од Шпанија. Дека избраниците на Виченцо Монтела не се шегуваат покажаа со елиминацијата на Манчестер Јунајтед во 1/8 финалето.

Во двата преостанати мечеви кои ќе се одиграа утре (среда) ќе се сретнат Ливерпул – Манчестер Сити односно Барселона – Рома.

OhridNews