Четвртата акција на неформалната организација „Чист Охрид“, помина успешно и покрај лошите временски услови.
-При реализирање на акцијата во која ја опфативме околината на музичкото училиште „Методи Патчев“ и Историскиот архив, наидовме на шприц кој беше полн со крв, телевизор, големи парчиња стакло и слично, како и на отруено кученце, па сакаме да ги запрашаме бездушниците до кога ќе трае безмилосното труење животни? – истакнаа од „Чист Охрид“.
Во акцијата учествуваа 12 волонтери кои собраа 12 вреќи отпад.
OhridNews