Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид го најавува новиот курс за обука на спасители на отворени води кој ќе се одржи од 21.06. до 28.06.2026 година.

Пред почетокот на теоретската и практичната обука, кандидатите ќе подлежат на влезни норми (пливање и нуркање). Обуката ја спроведуваат лиценцирани инструктори за безбедност на вода според меѓународните стандарди на International Life Saving (ILS). Кантидатите ќе се стекнат со меѓународно признат сертификат, ќе можат да работат во текот на летната сезона и ќе гразвијат вештините за прва помош и спасување кои спасуваат животи, потенцираат.
Заинтересираните кандидати треба да ги достават потребните документи во просториите на Црвен крст Охрид најдоцна до 15.06.2026 година.
Повеќе информации може да се добијат на телефонскиот број 079 350 639 или на емаил адресата [email protected] и веб страната watersafetycentre.mk.
Станете дел од тимот кој се грижи за безбедноста на нашите плажи, порачуваат од Црвен крст Охрид.
OhridNews













