Еден од најпрепознатливите кафе-барови на охридскиот плоштад, „Дамаст“, одбележува осум години постоење, низ кои овој угостителски бренд израсна во синоним за квалитетна понуда, современа атмосфера и уникатно искуство со поглед кон Охридското Езеро.

Со јасен концепт на работа како coffee house, „Дамаст“ од самиот почеток се позиционира како место со препознатлив стил, а руфтоп терасата стана негов заштитен знак. Погледот кон езерото, кој остава силен впечаток кај посетителите, одамна ги надмина локалните рамки и стана препознатлив и меѓу гостите од регионот.

Руфтоп терасата е препознатлива и кај домашните и кај странските гости, а радува фактот што за погледот од нашата тераса се знае и надвор од државата. Во месец мај имаме неколку закажани забави од затворен тип за гости од Србија и Грција, што посебно ни годи, вели сопственикот и менаџер Стеван Богданоски.

Локалот има мешана „публика“. Најбројни се странските туристи, но тука е и верната домашна клиентела која знае да препознае и да цени квалитет. Најдинамичниот период, карактеристично за цел Охрид, е од мај до септември, кога „Дамаст“ станува една од клучните точки на урбаниот ритам на градот.

Квалитетната понуда е еден од главните адути на „Дамаст“ кој нуди богата листа на коктели, меѓу кои се издвојуваат и уникатните „signature“ креации.

Имаме коктели со сопствен потпис – „Дамаст“, како и „Дамјан“ и „Виктор“, инспирирани од карактерот на моите синови, посочува Богданоски.

 

Во изминатите осум години, локалот се соочи и со сериозни предизвици, особено за време на ковид пандемијата, но успеа да ги преброди.

Среќен сум што во едно вакво време-невреме успеавме не само да опстанеме, туку и да се развиваме, додава Богданоски.

Локацијата на самиот плоштад дополнително го позиционира „Дамаст“ како важен дел од туристичката понуда на Охрид. Голем број странски гости се враќаат од година во година, што говори за препознатливоста и квалитетот на услугата.

Славенички, од „Дамаст“ најавуваат новини и понатамошен развој.

Работиме на нов концепт и начин на функционирање, следејќи ги светските трендови и барањата на нашите гости, истакнува Богданоски.

Осум години по отворањето, „Дамаст“ останува едно од местата што го дефинираат современиот дух на Охрид – спој на амбиент, квалитет и искуство што се памети.

Роденденот „Дамаст“ го одбележа со блиските и пријателите во весела атмосфера за што се погрижи музичкото дуо „Ника“.

Фото: Анамарија Момироска