Барселона – Рома е една од двете шпанско-италијански пресметки во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони. Каталонци се помеѓу потесните фаворити за титулата, но Рома нема намера да се предаде пред двомечот.

– Мислам дека ни се падна најтешкиот противник од можните во 1/4 финалето. Не смееме да зборуваме за среќа или за не среќа, туку да се подготвиме најдобро што можеме и да се преставиме во вистинско светло против Барселона. – изјави капитенот на Рома, Даниеле де Роси.

Охрабрувачка изјава даде и легендата на Рома, Франческо Тоти кој беше дел од четвртфиналната ждрепка во Нион. – Среќен сум поради Рома која е помеѓу фудбалскиот крем во Европа. Секој тежок е противник во оваа фаза. Знаеме дека Барселона е најдобрата екипа моментално, но и ние ќе имаме мотиви против да одиграме добро. На хартија Севиља и Ливерпул беа најдобри противници за нас, но на теренот изгледа многу поразлично. Во името на екипата ветувам дека Барселона ќе види една друга Рома која ќе се спротистави најдобро што може.

Другата шпанско-италијанска пресметка е помеѓу Јувентус и Реал Мадрид. Овие две екипи минатата сезона во финалето ги одмерија силите, а на победа и трофеј се радуваше шпанскиот состав.

OhridNews