Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс со триумф дебитираше на селекторската позиција во Велс, откако неговите избраници со 6-0 ја совлада репрезентацијата на Кина чиј селектор е итилијанскиот стручњак, Марчело Липи.

Полуфиналниот натпревар од „Кина Купот“ го одбележа Герет Бејл кој постигна три од шесте погодоци. Со хет трикот Бејл го симна Јан Раш од врвот на вечната листа на стрелци во Велс. Два од трите преостанати голови реализираше Сем Воукс, додека третиот беше дело на Хери Вилсон.

Велс во финалето од „Кина Купот“ ќе ги одмери со подобриот од вториот полуфинален натпревар кој ќе одиграат селекциите на Уругвај и Чешка.

OhridNews