Делегација од Истарската жупанија во посета на Општина Охрид. Нашите врски со Истра веќе имаат цврсти темели преку воспоставеното пријателството со градот Пула и активната соработка со Здружението на Македонци „Св. Кирил и Методиј“ од Пула, информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Оваа посета е уште една потврда за силното пријателство кое Охрид го негува со овој регион. Нашата цел е преку конкретни проекти и идеи да ја подигнеме соработката на повисоко ниво. Фокусот ќе биде ставен на клучните области за развој на нашиот град како туризам преку размена на искуства и промоција, потоа образованието со поврзување на младите и институциите, како и градска инфраструктура со примена на успешни европски модели, посочува Пецаков.

Додава дека продолжуваат со активности за меѓународно етаблирање на Охрид како град кој ги негува старите и создава нови пријателства за подобра иднина на сите граѓани.

OhridNews