По повод одбележување на Денот на мајката Женски центар „Бисера“ денес организира манифестација која ќе се одржи во НУ Центар за Култура Григор Прличев со почеток во 18 часот.

Во оваа насока Женски центар „Бисера“ имаше објавено конкурс по сите основни училишта во Охрид и околината на тема мајка, а од стигнатите ликовни и поетски детски творби комисија составена од претставници од секое училиште ги избра најдобрите творби.

На манифестацијата секое училиште ќе се претстави со своја музичка точка и ќе им бидат доделени награди на наградените ученици, велат.

Оваа година ЖЦ Бисера Денот на мајката го одбележува во соработка со Оопштина Охрид.

OhridNews
.