Младински Центар Охрид добива музичката соба, простор неменет за младите да создаваат, вежбаат и да ја претвораат својата енергија во музика.

Официјалното отворање ќе биде денес во 12 часот во просториите на Младински Центар Охрид во поранешната касарна.

Подготвивме кратки музички настапи од младите музичари, дружење и мал коктел — во опуштена и музичка атмосфера. Дојдете да ја прославиме музиката заедно, велат организаторите.

OhridNews