Денес се одбележува годишнината од смртта на Кузман Шапкарев, еден од најзначајните собирачи, публикатори и афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари.

Кога браќата Миладиновци биле затворени, Шапкарев безуспешно се обидувал да им помогне. По нивната смрт, тој заминал да учителствува прво во Прилеп, а потоа во Кукуш. Во октомври 1893 година заминал за Цариград, испратен од Бугарската Егзархија за да работи како уредник на бугарски весник. Од 1900 година станува редовен член на Бугарското книжевно друштво (кое подоцна е преименувано во Бугарска академија на науките).
Кон крајот на својот живот заминал за Бугарија. Обемот и квалитетот на собраниот материјал го вбројуваат Шапкарев меѓу најголемите собирачи на народни умотворби не само од Македонија, туку од целиот Балкан. Починал во Софија на 18-ти март 1909 година.
OhridNews












