Денеска во Охрид ќе се одржи настанот „Денови на АДКОМ – Денови на комунални услуги“ во организација на Здружението на даватели на комунални услуги.
Настанот ги обединува претставниците на институциите, јавните комунални претпријатија, локалната самоуправа и меѓународни експерти, со цел отворање на клучни прашања и предизвици во комуналниот сектор, посочуваат од Здружението.
На настанот ќе бидат одржани две панел сесии кои ќе се насочени кон кластеризација на секторот за водни услуги – придобивки и предизвици, како и дефицитот на млади кадри во комуналниот сектор и позицијата на младите.
OhridNews













