Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Англија и сегашен коментатор на „Скај Спорт“, Џејми Карагер, е суспендиран од работа во познатата ТВ до крајот на сезоната 2017/18.

Одлуката за 40-годишниот поранешен фудбалер е донесена поради скандалот што се случи по натпреварот против Манчестер Јунајтед (1:2) во Премиер Лигата.

По тој натпревар, Карагер во близина на стадионот наиде на навивач на Манчестер Јунајтед кој од својот автомобил почна да го провоцира. Тој како одговор плукна во неговиот автомобил, каде што седеше 14-годишната ќерка на фанот на „црвените ѓаволи“.

За примитивниот чин Карагер доби осудата од пошироката јавност во Англија и пошироко.

Карагер суспендиран од „Скај Спорт“ поради плукање (видео)

OhridNews