Џенаро Гатузо со ултиматум одговори на тригодишниот договор кој управата на Милан му го понуди минатата недела.

40-годишниот фудбалски стручњак не го интересираат финансиски детаљи, туку во екипата по секоја цена сака да ги задржи Давиде Калабриа и Патрик Кутроне кој ги смета за светла иднина на „росонерите“.

Гатузо исто така дал зелено светло за трансфер на Џиџи Донарума, ако некоја екипа ја плати потребната сума која стои во клаузулата. Тој се „откажува“ од голманот поради атмосферата во екипата која често се нарушува поради неговите барања.

Фудбалска легенда на Милан палката на клупата ја презеде од Виченцо Монтела кој и покрај огромната вложена сума на пари не успеа да се вмеша во трката за високите позиции на табелата.

OhridNews