Најдобриот голгетер на Интер, Мауро Икарди и моторот на Јувентус, Пабло Дибала немаат загарантирано место во селекцијата на Аргентина за престојното Светско првенство во Русија.
Селекторот на „гаучосите“, Хорхе Сампаоли ја лиферуваше оваа информација во пресрет на двата контролни мечеви на Аргентина со Холандија и Италија.
– Можно е да патуваме без нив на Мундијалот. Дибала не покажа задоволителен напредок во репрезентативниот дрес, а јасно е дека постои голема разлика во настапите на Икарди за Интер и Аргентина. Можеби им е потребно време на Икарди и Дибала, но ние нажалост го немаме моментално. – изјави Сампаоли.
Аргентина во групата на Мундијалот се наоѓа со Исланд, Хрватска и Нигерија.
OhridNews