Подрачното училиште во село Велмеј не е затворено,бидејќи во него работат паралелките од прво, трето, четврто и петто одделение,вели директорот на ОУ Дебрца, Иван Димоски.

– Паралелките од шесто до деветто одделение се префрлени во село Лешани, бидејќи учениците од Лешани одеа на училиште во Белчишта уште во 2013 година. Со оглед на поголемиот број на ученици во Лешани и тоа што во Велмеј нема ученици за седмо,осмо и деветто одделение, се донесе одлука четворицата учениците од Велмеј кои се во шесто одделение да го продолжат школувањето во Лешани, каде што беа отворени паралелки од шесто до деветто одделение од пред минатата година.Ученици од Велмеј,од прво, трето, четврто и петто одделение се четворица- по еден во секое одделение, а во второ нема ученици,и се многу помалку во однос на ученици од Лешани, а нивниот превоз до Лешани е обезбеден. Паралелките во село Лешани се единствено решение за оние наставници кои немаат доволно часови, а кои требаше да се прогласат технолошки вишок, бидејќи имаат решенија на неопределено време,објаснува директорот на ОУ Дебрца,Иван Димоски.   

Директорот Димоски додава дека доколку се вратат паралелките во Велмеј,како и до сега,би се правеле непотребни трошоци за превоз на наставниците, што е на штета на училиштето, но и на учениците.

Димоски вели и дека никаков допис од МОН не е стигнат до локалната самоуправа за законската регулатива на наведените промени кои се во ингеренции на локалната самоуправа, каде со одлука на советот е дадена дозвола за формирање на паралелките.

OhridNews