Познатата охридска компанија за продажба и дистрибуција на пијалаци, напитоци и производи за широка потрошувачка – Дисконт „Рај“ повторно ги отвори вратите за потрошувачите на старата и добро позната локација на ул. „Јане Сандански“ бр. 159.

Со познат концепт на работа, но, со модерен и софистициран дизајн на внатрешниот простор, како и освежен надворешен изглед, реновираниот продажен објект на Дисконт „Рај“ ги следи современите трендови и нуди практични решенија како за секојдневните потреби, така и за поголеми пригоди како прослави, собири или семејни настани.

Во понудата има голем избор на алкохолни и безалкохолни пијалаци, а асортиманот редовно се обновува со нови вкусови и брендови.

Од разновидни жестоки пијалаци, вина, ракии, па се до освежителни сокови, газирани и негазирани пијалаци, Дисконт „Рај“ повеќе од 35 години е препознатлив бренд во Охрид кој успешно ја одржува долгата традиција на пазарот со богата понуда и пристапни цени за потрошувачите.

Во присуство на бројни соработници, потрошувачи, пријатели и роднини, Дисконт „Рај“ денес го одбележа реотворањето на продавницата лоцирана на ул. „Јане Сандански“ бр. 159.

Фото галерија:

OhridNews

Фото: А.Момироска