Под влијание на жешка воздушна маса која продира од југ, во Македонија од утре ќе имаме африкански температури кои на места ќе достигнат и +39 степени Целзиусови.

Исклучително висок ќе биде и УВ индексот – 9.

На граѓаните им се препорачува во најтоплиот дел од денот да избегнуваат директно изложување на сонце, да внесуваат повеќе течности, а да избегнуваат алкохол и тешка храна. Хроничните болни редовно да ја земаат терапијата и да ги почитуваат советите на лекарите. Избегнувајте физичка работа, не оставајте ги децата и милениците во паркиран автомобил. И се разбира, најдете време да се разладите во Охридското Езеро.

OhridNews