Дел од дрво се откина и падна врз две возила паркирани на просторот на некогашниот камп “Андон Дуков”.
Повредени лица нема, а предизвикана е поголема материјална штета.
Најверојатно се работи за старо дрво, а истрагата треба да ги утврди фактите и висината на штетата, информира СВР Охрид, посочувајќи дека увид на местотото на настанот врши крим техника.
Граѓаните апелираат на внимателност, укажувајќи дека овoј простор треба се уреди, а опасните стари дрва навремено да се отстранат за да се избегнат вакви инциденти.
OhridNews
















