Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) спроведува засилени контроли кај трговците во пресрет и за време на акциите по повод „Black Friday“, со цел да се утврди дали попустите и промотивните понуди се реализираат согласно законските прописи.

Инспекциските надзори се насочени кон заштита на правата на потрошувачите, транспарентноста на цените и спречување на евентуални неправилности во трговијата, велат од ДПИ.

Ги повикуваме граѓаните доколку забележат неправилности да ги пријават на телефонскиот број 191 или преку веб-страницата www.dpi.gov.mk.

Воедно, посочуваат дека ДПИ останува посветен на обезбедување фер, законски и одговорни трговски практики.

OhridNews