Светската фудбалска организација (ФИФА) пред почетокот на Мундијалот во Русија оваа година ќе требе да одлучи каде ќе се соберат најдобрите ѕвезди за осум години.
Светското првенство 2022 ќе се одржи во Катар, а за организација за Мундијалот после четири години до ФИФА пристагнале две комплетни кандидатури. Првата е заедничка на САД, Канада и Мексико, додека другата е самостојна на Мароко.
Трите земји во кандидатурата пријавиле вкупно 23 стадиони, додека Мароко 12 на кои би се играле натпреварите од Мундијалот. САД домаќин на најдобрите фудбалери од светот последно беше 1994 година, а прв пат во Јужна Африка едно СП се одржа 2010 година.
ФИФА конечниот одговор ќе го даде на конгресот кој ќе се одржи на 13 јуни, ден пред официјалниот почеток на Мундијалот во Русија.
OhridNews