Бразилскиот репрезентативец Филипе Кутињо кој нема право за настап во дресот на каталонците во Лигата на Шампиони се соочи со две несреќи во еден ден во Барселона.
Кутињо од шпанската полиција доби казна за погрешно паркирање, а останал и без автомобил. Бразилецот се вратил дома со такси, а таму следувал нов шок, откако домот му бил обиен од непознати сторители.
Од домот на Кутињо однесени биле вредни материјални работи, а дополнителниот финансиски извештај ќе покаже што точно е украдено и вредноста.
Кутињо нема по добро да го памети изминатиот ден, а неговиот соиграчи вечерва на Стемфорд Бриџ ќе ги одмерат силите со Челси во првиот меч од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони.
OhridNews