Според сите прогнози ѕвезда на летниот преоден рок кој следува ќе биде белгискиот репрезентативец во редовите на Челси, Еден Азард.

Голем интерес за Азард подолго време покажуваат Реал Мадрид и Пари Сент Жермен, а ништо чудно да влета уште некоја екипа, бидејќи Азард изјави дека сам си одлучува за својата иднина.

– Во фудбалот нема правила и може да се случи се или пак ништо. Секоја година се зборува за мое заминување во ПСЖ или Реал Мадрид. Јас кога ќе посакам да го сменам клубот ќе го направам тоа, а моментално среќен сум во Челси. – истакна Белгиецот.

Азард на Стемфорд Бриџ се пресели од Лил летото 2012 година за 32 милиони фунти после одличната сезона во францускиот шампионат.

OhridNews